ФОТО | Модната ревија на Скопскиот моден фестивал со пораки за мир: Слобода за Украина!

1 min read

На вчерашнатa модна ревија организирана од Skopje Fashion Festival, манекенките кои ги носеа креациите од македонската модна дизајнерка Сара Реџиќ, носеа и листови на кои беа испишани антивоени пораки.

Манекенките држеа  бели листови на кои имаше испишано пораки за мир и поддршка за Украина која во мигов се соочува со инвазија од страна на Русија.

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Креациите изобилуваа со фолклорни елементи и силни бои, а доминираа интересни мотиви од детски прешивачи од ретро-ризницата од регионов. Освен пораки за мир во Украина и Сирија и секаде каде што се војува, оваа ревија беше и потсетник дека модните случувања треба да бидат поддршка и свесност во вакви времиња.

Скопски моден фестивал/Инстаграм
Скопски моден фестивал/Инстаграм
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во шест општини во Албанија, со одредени проблеми, се гласа за градоначалници

Следно

УФЦ 272: Ковингтон го победи поранешниот најдобар пријател Масвидал

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian