ФОТО | Концертот на Фолтин вчера беше „Симултан бакнеж“ со публиката

1 min read

Вчера вечер, во скопскиот локал Public Room, со почеток околу 22 часот, битолските момци, бендот „Фолтин“, направија концерт за мерак.

Публиката беше многубројна, едвај чекаше и уживаше во таа дива и несмасна љубов која само Бранко, пејачот на Фолтин и неговата екипа можат да ја донесат на сцена.

Фолтин/Фото: А.Г.Џ
Фолтин/Фото: А.Г.Џ

Бранислав Николов, фронтменот на „Фолтин“, за време на концертот им се заблагодари на сите присутни, кажувајќи дека „ по два месеци пауза од концерти, вечерта ќе биде за љубов и романса“.

Бранислав Николов/Фолтин/А,Г.Џ
Бранислав Николов/Фолтин/А,Г.Џ

Почетокот на концертот беше резервиран за постарите хитови на кои фановите веднаш реагираа, а покривот на Public Room ечеше од песните кои се нижеа како везилка од „проста и строга македонска песна“.  Се пееја „Ми се води љубов“, „Везилка“, „Симултан бакнеж“, „Недопрена“, „Елај си в кревет“, а на крајот на концертот, Бранко изненади со лиричната, џез варијанта на една од најпознатите песни на Тома Здравковиќ, „Како да те туго моја“.

Фолтин/Фото: А.Г.Џ
Фолтин/Фото: А.Г.Џ

Навистина, концертот беше симултан бакнеж низ музика и многу љубов низ етерот.

Фолтин/Фото: А.Г.Џ
Фолтин/Фото: А.Г.Џ

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Александар Вучиќ е кандидат на СНС за претседател на Србија на изборите на 3 април

Следно

Се пензионира еден од најдобрите тренери во историјата, Мајк Кжижевски

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian