Арсенал чекори кон Лигата на шампионите

1 min read

Фудбалерите на Арсенал го совладаа Вотфорд со 3:2 како гости во 28 коло од Премиер лигата и се искачија на четвртото место на табелата притоа остварувајќи ја четвртата победа по ред.  „Топчиите“ имаат 48 бода од 25 натпревари, додека петтопласираниот Манчестер јунајтед има бод помалку и два натпревари повеќе.

Арсенал победата ја најави во петтата минута со голот на Мартин Одегор кој ја искористи асистенцијата на Букајо Сака. Само пет минути подоцна Кучо го израмни резултатот, но Арсенал на одмор замина со предност откако Сака погоди во 30 минута.

На стартот од второто полувреме, во 52 минута, Арсенал поведе со 1:3 преку Мартинели и ја завери победата. Домашниот тим до крајот на натпреварот успеа само да го ублажи поразот преку Сисоко во 87 минута.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Денес е Прочка: Да си простиме, со љубов кон ближните

Следно

Во најновиот број на „Слободен печат“ читајте:

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian