Српската напредна партија (СНС) денеска донесе одлука да го предложи Александар Вучиќ за претседател на Република Србија, соопшти денеска потпретседателката на партијата, Ана Брнабиќ.
По седницата на Претседателството на СНС, Брнабиќ изјави дека Александар Вучиќ е кандидатот на коалицијата „Александар Вучиќ, можеме се заедно“.
Таа им се заблагодари на своите партнери СПС, ЈС, СВМ што ја поддржаа СНС во ова и што заедно со другите партии и движења излегоа во поширока коалиција со кандидатот Вучиќ.
„Како партија разговаравме претходните недели и не се сомневавме кој треба да биде наш кандидат. Делата го избраа кандидатот, а тие најдобро зборуваат, кажуваат се“, истакна таа.
Брнабиќ рече дека СНС има не само одличен, туку и убедливо најдобар кандидат.
„Како и да ги свртите изборите, нема да биде лесно, тие никогаш не се игра и се сериозна работа, особено во вакви тешки и сложени времиња. Многу сме посреќни што наш кандидат е Вучиќ“, рече таа, посочувајќи дека целта е убедлива победа.