Вучиќ со Макрон и Ердоган разговарал за ситуацијата во Украина

1 min read

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска телефонски разговараше со претседателот на Франција Емануел Макрон и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, јави дописникот на МИА од Белград.

Во разговорот со Макрон, како што е соопштено, францускиот преседател „го поздравил начинот на кој Србија гласаше во Обединетите нации”.

Во соопштението се посочува дека францускиот претседател на Вучиќ недвосмислено му рекол дека, „без разлика на геополитичките промени во Европа и светот, Србија останува клучен приоритет и прва земја за влез во Европската унија”.

Вучиќ и Макрон разговараа за ситуацијата во Украина и за сите билатерални врски меѓу Србија и Франција, особено за економската соработка, со очекување таа да се развива уште посилно во иднина.

-Во долг, отворен и пред се искрен разговор, претседателот Макрон го потврди суштинското пријателство меѓу Србија и Франција и најотворено ја поддржа Србија и европската интеграција на нашата земја, се вели во соопштението.

Српскиот претседател оствари телефонски разговор и со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за ситуацијата во Украина, како и за ситуацијата во Западен Балкан и ја изразија својата решеност да придонесат за одржување на мирот и стабилноста во регионот.

Вучиќ и Ердоган ја потврдија подготвеноста за соработка, истакнувајќи дека економската соработка, особено на полето на инфраструктурата, добро напредува, се наведува во соопштенеито од канцеларијата за медиуми на српскиот претседател.

Извор: МИА

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Навивачите на Челси скандираа Абрамович, го прекинаа аплаузот за поддршка на Украина!

Следно

ВИДЕО | „Заедно сме, дома сме“: Зеленски и неговата сопруга само 10 дена пред руската инвазија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian