ВИДЕО: Сосиедад само го налути Реал, кралски „покер“ пред ПСЖ

1 min read

Фудбалерите на Реал Мадрид вечерва победија на домашен терен против Реал Сосиедад со 4:1, во натпреварот од 27 коло на шпанскиот шампионат.

Сосиедад поведе во 10 минута со голот на Микел Ојарсабал од пенал, а израмни Едуардо Камавинга во 40 минута на асистенција на Лука Модриќ. Три минути подоцна хрватскиот фудбалер му донесе водство на Реал по додавање на Карим Бензема.

Бензема погоди во 69 минута, но по употребата на ВАР технологијата голот беше поништен поради офсајд. Тој сепак беше стрелец во 76 минута од пенал, а конечниот резултат го постави Марко Асенсио со гол во 79 минута.

Реал е прв на табелата со 63 бодови, осум повеќе од второпласираната Севиља. Сосиедад има 44 бодови на шестото место во генералниот пласман.

Претходно денеска Осасуна на домашен терен го победи Виљареал со 1:0, Еспањол беше подобар од Хетафе со 2:0, а Валенсија ја совлада Гранада (3:1).

Играчите на Карло Анчелоти се подготвуваат за реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампионите за четири дена против ПСЖ. Потсетување дека во првите 90 минути во Париз славеше францускиот првак со 1:0.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Италија ќе им дава 2.000 евра помош на парови кои ќе се венчаат во областа Лацио

Следно

Продолжува трендот на опаѓање на бројот на нови и на активни случаи на ковид-19

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian