ВИДЕО: Мурињо и Рома во игра за Лигата на шампионите

1 min read

Фудбалерите на Рома ја совладаа Аталанта со 1:0 во саботното дерби од 28 коло на Серија А и со тоа направија важен чекор кон четвртото место кое води во Лигата на шампионите следната сезона.

Рома на последните пет натпревари не знае за пораз, а по серијата нерешени резултати следеа победи над Специја и Аталанта, а она што особено може да го израдува тренерот на „волчицата“ Жозе Мурињо е подобрата и потечна игра.

Тоа се виде уште од почетокот на овој дуел, бидејќи домашните фудбалери го контролираа натпреварот и не му дозволија на противникот да ја затресе мрежата. Од друга страна создаваа шанси, а Теми Абрахам ја искористи најдобрата по одлична акција и „шах во три потега“.

Заниоло ја прими топката на 20 метри од голот, одлично се движеше и го пронајде Абрахам кој постигна гол, доволен за победа на неговиот тим.

Ова е важна победа за Рома која сега има 47 бодови исто колку и Аталанта и моментално е на петтото место на табелата зад Јувентус кој е четвртопласиран со 50 бодови.

Во оваа лигашка рунда македонскиот интернационалец Илија Несторовски од клупата за резервни играчи го гледаше домашниот триумф на Удинезе против Сампдорија (2:1).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

„На работа сме како едно големо семејсво“: Зошто компаниите ни ја наметнуваат оваа метафора?

Следно

Шмит: Нема тензии ниту индиции за нова војна во БиХ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian