ВИДЕО | Млада Украинка го снима своето секојдневие за време на војната: Ти благодарам Путин!

2 mins read

Една Украинка на социјалната мрежа „ТикТок“ објавува видеа од засолништето каде се крие со нејзините родители.

„Мојот типичен ден во засолништето“, „Како мајка ми готви во засолништето“, „Вака изгледа еден украински ден по пет дена руски напади“, се само некои од насловите на нејзините објави кои ги следат над 90.000 луѓе секој ден.

На снимките се гледа како девојчето и нејзиното семејство во поранешната канцеларија на нејзиниот татко се обидуваат да водат барем навидум нормален живот додека се кријат од руските окупатори.

@valerisssh Living my best life 🥰🥰🥰 Thanks Russia! #ukraine #stopwar #russiastop ♬ Che La Luna – Louis Prima

„Вие сте неверојатно семејство. Чувајте се“, „Важно е да сте позитивни“, „Се восхитувам на вашата храброст и оптимизам“,„Неверојатно е колку добро се држите, ви ја испраќаме сета љубов на светот“, се само дел од коментарите.

@valerisssh I’m in love of my life! 🥰🥰🥰 #ukraine #stopwar ♬ Monkeys Spinning Monkeys – Kevin MacLeod & Kevin The Monkey

Имаше и такви кои сметаат дека многу Украинци моментално се во многу полоша ситуација и дека на снимките не треба да се „гледа како општа состојба“.

„Не сакам светот да добие погрешна слика. Додека ова се случува, некои бебиња се раѓаат во метрото“, беше еден од коментарите.

@valerisssh Ukrainian blinchiki in a bomb shelter✨ #ukraine #stopwar #russiastop ♬ Ice Dance (From “Edward Scissorhands”) – Ashton Gleckman

„Замолчи. Сигурен сум дека го пишуваш ова од твојот топол кревет“, „Нема да одредуваш како треба да им биде на луѓето во оваа ситуација“, се дел од коментарите на луѓето кои застанаа во одбрана на ова семејство.

@valerisssh Russian government, thanks u! #stopwar #ukraine ♬ Tarantella – Mulberry Street

Многу Украинци изминатиов период активно објавуваат снимки од нивните градови разурнати од војната. Меѓу нив има војници, а рускиот напад врз Украина многумина го опишуваат како „првата војна што може да се следи во живо на ТикТок“.

@valerisssh Third Word War! Putin, thank u #ukraine #stopwar #russiastop ♬ Je te laisserai des mots – Patrick Watson

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Маричиќ: Вложуваме во сигурна енергетска иднина, во синергија сме со Зелената агенда на ЕУ

Следно

Ивановски балкански вицешампион, со сребро и рекорд на 3000 метри

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian