ВИДЕО: Ливерпул посилен од „чеканите“, Мане му пресуди на Вест Хем

1 min read

Ливерпул продолжи со одличните игри во Премиер лигата, „црвените“ минимално со 1:0 триумфираа над Вест Хем.

На стадионот „Енфилд“ играчите на Јирген Клоп стигнаа до 10 победа во низа во сите натпреварувања.

Единствениот погодок го реализираше репрезентативецот на Сенегал, Садио Мане во 27 минута после асистенцијата на Трент Александер-Арнолд.

Во 70 минута „чеканите“ можеа да го избегнат поразот, но Мануел Ланцини од пет метри шутираше високо над голот.

Ливерпул сега има 63 бодови, три помалку од водечкиот Манчестер сити кој в недела (17.30 часот) ќе го игра градското дерби против Манчестер јунајтед.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | „Заедно сме, дома сме“: Зеленски и неговата сопруга само 10 дена пред руската инвазија

Следно

Италија ќе им дава 2.000 евра помош на парови кои ќе се венчаат во областа Лацио

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian