Фудбалерите на Челси дојдоа до убедлива победа на гостувањето кај Барнли во натпреварот од 28 коло на англиската Премиерлига.
Во првото полувреме немаше голови, а потоа играчите на менаџерот Томас Тухел „експлодираа“ во вториот дел и целосно го скршија отпорот на домаќинот.
Лондонските „сини“ постигнаа четири гола, од кои два дело на Каи Хаверц во 52 и 55 минута. Стрелци беа и Рис Џејмс во 47 минута и Кристијан Пулишиќ во 69 минута.
Њукасл продолжи со серијата на одлични резултати, стигнувајќи до нова победа. Овој пат Триумфираше над Брајтон со 2:1, а работата ја заврши за само две минути со головите на Рајан Фрејзер (12 мин.) и Фабијан Шер (14 мин.)
Во другите мечеви Астон Вила – Саутемптон 4:0, Норич – Брентфорд 1:3 и Вулверхемптон – Кристал палас 0:2, додека Лестер славеше минимално над Лидс.