ВИДЕО: Денвер триумфираше без Јокиќ против Хјустон

1 min read

Кошаркарите на Денвер во рамките од НБА лигата го совладаа Хјустон на домашен терен со 116:101, и покрај тоа што недостасуваше Никола Јокиќ поради болест.

Иако не настапи српскиот центар, екипата на тренерот Мајкл Мелоун се врати на победничкиот пат и го запиша седмиот триумф во последните осум мечеви.

ДеМаркус Казинс успешно го замени Јокиќ и беше прв стрелец во дресот на Нагетси со 31 поен и девет скокови.

На спротивната страна за Рокетси доминираше Кристиан Вуд со 22 поени, 10 скокови и пет асистенции.

Во Западната конференција Денвер е на шестата позиција (37-26), додека Хјустон е последнопласиран со учинок од 15 победи и 48 порази.

НБА лига, резултати –

Феникс – Њујорк 115:114
Торонто – Орландо 97:103
Денвер – Хјустон 116:101
Њу Орлеанс – Јута 124:90
Оклахома – Минесота 101:138
Детроит – Индијана 111:106
Филаделфија – Кливленд 125:119
Вашингтон – Атланта 114:117
Чикаго – Милвоки 112:118
Феникс – Њујорк 115:114
Торонто – Орландо 97:103
Денвер – Хјустон 116:101

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Џамала им се обрати на Русите, а сите го коментираат текстот на нејзиниот хит од Евровизија: Сега сè има смисла

Следно

Утре протестен марш во Скопје против војната во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian