Пандев верува дека Елмас и Наполи можат да го освојат Скудетото

1 min read

Горан Пандев, кој и натаму се опоравува од повредата, во интервјуто за „Спортиталиа“ изјави дека беше подготвен да игра и како бек за Интер тогаш предводен од Жозе Мурињо.

Поранешниот македонски репрезентативец зборуваше за периодот кога го носеше дресот на миланските „нераѕури“ со кои во 2010 година ја освои Лигата на шампионите.

– Да се игра за таков клуб, јас бев подготвен да играм и како дефанзивец. Беше потешко со Самуел Ето`о, но го убедивме. Тренерот зборуваше со сите, тој кажа „доколку Ето`o е бек, ќе ја освоиме Лигата на шампионите“. Кога победувате, кога играте добро, улогите не се толку важни – рече Пандев.

Пандев кој оваа зима од Џенова се пресели во Парма, предвидува кој би бил шампион оваа сезона во италијанската Серија каде што моментно после 27 кола води Интер со 58 бодови, еден повеќе од Наполи на Елиф Елмас и Милан.

– Наполи може да го освои Скудетото. Мислам дека годинава ќе биде нивна. Интер и Милан испуштија многу бодови, иако има уште натпревари до крајот – вели Пандев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Меркур влегува во знакот Риби: Поволен период за Скорпиите, но што ги очекува другите хороскопски знаци?

Следно

Во Штип протестен марш на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод 8 Март

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian