Нови 370 случаи на ковид-19, 391 оздравени и три починати лица

2 mins read

Во последните 24 часа од направени 3.148 тестови регистрирани се 370 нови случаи на ковид-19, од кои 51 реинфекција, како и 391 оздравени пациенти и три починати лица, информира Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје.

Од новите случаи најмногу има во Скопје 225, Битола 24, Прилеп 23, Кавадарци 14 и Куманово и Велес со по 11. Следат Тетово со 9, Охрид и Кичево по 6, Гостивар 5, Струмица, Штип и Ресен по 4, Неготино 3, Кочани, Гевгелија, Дебар, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија по 2 и Струга, Радовиш, Крива Паланка, Берово, Валандово, Богданци, Кратово, Демир Хисар и Пехчево по 1.

Од вкупниот број на позитивни (370), регистрирана е 51 реинфекција.

Од регистрираните 391 оздравени пациенти од се Скопје 209, Кавадарци и Велес по 22, Битола 21, Куманово и Прилеп по 17, Ресен 9, Охрид, Струмица и Струга по 8, Тетово, Гостивар и Кичево по 7, Штип, Гевгелија, Свети Николе и Крива Паланка по 4, Кочани, Неготино и Богданци по 3 и Пробиштип, Кратово, Крушево и Дојран по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се три починати лица: по едно починато лице од Скопје (72г), Велес (74г) и Охрид (64г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза коид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени уште седум починати лица од Тетово (1), Битола (1), Куманово (1), Крива Паланка (1), Струмица (1), Прилеп (1) и Ресен (1). Починатите лица се на возраст од 37 до 89 години. Лицата за починати се пријавени во период од 03.02. до 02.03.2022. Од пријавените лица 3 лица се починати во домашни услови, а 4 во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица, кај 9 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 3.148 тестови преку: ИЈЗ-199, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-92, ЦЈЗ Прилеп-41, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-78, УК Пулмологија со алергологија –2, Институт за микробиологија–126, Жан Митрев (Филип Втори)-43, Авицена-112, Биотек-117, Систина-57, лабораторија Лаор-180, Синлаб-22, Ремедика-7, Плодност-16, Генеа-15, Никоб Лаб-261, ВФВ Медикал-50, Ели Медика-34, Ројал Медика–18, Спектра-ММ-11, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–24, Нова Лаб Дијагностика–10, Рамус-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.537.

Досега во земјата се направени вкупно 1.904.443 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 299.419, бројот на оздравени пациенти е 287.518, на починати е 9.075 а бројот на активни случаи изнесува 2.826.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Трајковски со бронза на Балканското првенство за сениори во сала

Следно

Грвала: Путин е пропагатор и воен злосторник

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian