„Нов љубовен пар“: Ѕвездата на филмот „Тома“ го освоил срцето на ќерката на Драган Бјелогрлиќ!

1 min read

Милан Мариќ и Миа Бјелогрлиќ веќе некое време се заедно, иако за тоа до неодамна знаеле само неколку нивни пријатели. Како што пишува српски „Блиц“, ѕвездата на филмот „Тома“, 31-годишниот актер Милан Мариќ е во среќна врска 25-годишната Миа Бјелогрлиќ, ќерка на актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ.

Иако се запознале уште на снимањето на филмот „Тома“, во кој Мариќ го игра познатиот пејач Тома Здравковиќ, а автор на филмот е таткото на Миа, Драган Бјелогрлиќ, тие се зближиле на една прослава, по дочекот на Новата 2022 година.

Само неколку од нивните најблиски пријатели знаеле дека се лудо вљубени, а Миа и Милан дале сè од себе за да ја задржат својата врска подалеку од јавноста и медиумите, но не успеале.

Инаку, Милан Мариќ, кој по улогата на Тома Здравковиќ стана голема ѕвезда во целиот регион, љубовниот живот отсекогаш го држел подалеку од очите на јавноста. Само еднаш откри дека годините не му се важни.

„Сум бил во врска со постара девојка, сум бил и со помлада, имав прекрасни врски, прекрасни односи со некои прекрасни луѓе. Во сите тие врски, многу повеќе ме интересираа други работи отколку разликите во годините или слични ситници“, во една прилика откри актерот.

Засега не се знае што мисли таткото на Миа, Драган Бјелогрлиќ за новиот зет.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Шмит: Нема тензии ниту индиции за нова војна во БиХ

Следно

ВИДЕО: Навивачите на Челси скандираа Абрамович, го прекинаа аплаузот за поддршка на Украина!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian