Италија ќе им дава 2.000 евра помош на парови кои ќе се венчаат во областа Лацио

2 mins read

Регионот во централна Италија, Лацио им нуди на паровите грант од 2.000 евра за организирање свадби во областа во обид да го зајакне бизнисот на угостителските објекти и локалниот сектор за свадби по пандемијата, пренесуваат странските медиуми.

Областа Лацио која го вклучува и главниот град Рим, е вториот најнаселен регион во Италија. Во рамки на иницијативата „За Лацио со љубов“, се издвоени 10 милиони евра за италијанските и странските двојки кои би добиле по 2.000 евра повратни средства за услуги или производи од локални угостители, планери за свадби, цвеќарници или компании за планирање венчавки.

Сите свадби одржани помеѓу 1 јануари и 31 декември 2022 година ќе имаат право на грант. Грантот може да ги покрие и трошоците за меден месец, услуги за фотографирање и свадбена забава.

Официјалната веб-страница на регионот вели дека се надева дека грантовите ќе го поттикнат бизнисот во областа и ќе им помогнат на локалните добавувачи да се опорават од економските последици од пандемијата.

Италија има една од највисоките стапки на смртност од ковид-19 во светот и е една од првите земји што воведе карантин. Во септември 2020 година, 85 отсто од планираните италијански свадби за таа година биле одложени поради пандемија. Освен тоа, се проценува дека 9.000 планирани венчавки на странски парови се одложени или откажани.

Паровите кои ќе ја прифатат регионалната понуда ќе треба да достават доказ за најмногу пет сметки. Пријавите може да се поднесуваат до 31 јануари 2023 година или до истекот на средствата.

Регионот нуди широк спектар на локации за свадби од град до село. Главниот град е дом на некои од најпознатите знаменитости на Италија, вклучувајќи ги Шпанските скали, Колосеумот и Фонтаната Треви.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Ливерпул посилен од „чеканите“, Мане му пресуди на Вест Хем

Следно

ВИДЕО: Сосиедад само го налути Реал, кралски „покер“ пред ПСЖ

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian