Грвала: Путин е пропагатор и воен злосторник

1 min read

Министерката за надворешни работи на Косово Доника Грвала вели дека тврдењето на рускиот претседател Владимир Путин дека во Украина војуваат платеници од Косово е лага и има за цел да го одвлече вниманието од геноцидот што Русија го врши  во Украина, јави дописникот на МИА од Приштина.

Шефицата на косовската дипломатија на својата официјална страница на Твитер напиша дека однесувањето на Путин е исто како она на некогашниот српски лидер, Слободан Милошевиќ и на сегашниот српски претседател, Александр Вучиќ.

– Нема косовски платеници. Воениот злосторник Путин се обидува да го одвлече вниманието од неговиот геноцид во Украина вршејќи воена пропаганда. Тој лаже, повторно. Ние ја знаеме таа игра, од Милошевиќ до Вучиќ. Косово гордо стои покрај Украина, Америка и Европската унија, против воените злосторници, напиша Грвала.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Нови 370 случаи на ковид-19, 391 оздравени и три починати лица

Следно

ФОТО | Кралицата на Шпанија ѝ оддаде почит на Украина: Летиција со јасна порака и поддршка!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian