Тијана Дапчевиќ синоќа си го обезбеди своето место во финалето за избор на песна која оваа година ќе ја претставува Србија на „Евровизија“ во Торино, Италија.
Македонско-српската пејака синоќа настапи со својата песна „Љуби, љуби довека“ чиј текст е дело на Леонтина Вукомановиќ. За гласовните способности на Тијана зборат бројните хитови кои ги отепала до сега, но овојпат, се надмина себеси и се покажа во најдобро светло.
Дапчевиќ излезе сама на сцената, ја отпеа својата песна од душа, а секој збор што излегуваше од неа беше проследен со длабоки емоции. Дека публиката секогаш знае најдобро, за извонредната изведба на Тијана ја награди со долг аплауз.
Тијана ја маѓепса јавноста и со својот изглед. Пејачката за оваа прилика одбрала црвен елегантен костим во комбинација со
високи потпетици и впечатлива шминка.
Пред и по настапот на Тијана друштво ѝ правеше и нејзината сестра Тамара Тодевска која специјално допатувала во Белград како нејзина најголема поддршка. Тамара во 2019 година ја претставуваше Македонија на „Евровизија“ со моќната песна „Proud“, па стискаме палци оваа година да навиваме и за Тијана!
Покрај Тијана во вечерашното финале за избор на песна која ќе ја претставува Србија на „Евровизија“ ќе се натпреваруваат и Наива, Сара Јо, Аца Лукас, Ана Станиќ, Анџелина, Ивона, Констракта, Марија Микиќ, Лифт, Чеги и браќа Блуз, Бибер, Зорја, Зое Кида, Зејна, Гифт, Грамофонџије и Оркестарот на Александар Софрониевиќ.
Нека победи најдобриот!