ФОТО | Принцот Вилијам откри интересен детаљ за неговата сакана Кејт: Приватноста е света, ама овојпат направи исклучок

2 mins read

За време на неодамнешната посета на Велс, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам разговараа со своите обожаватели на кои ниту ниските температури не им беа пречка за дружење со кралската двојка. Во таа прилика, на големо изненадување на многумина, принцот Вилијам откри досега непознат детаљ за неговата сопруга.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон се во брак повеќе од една деценија, но ретко откриваат интимни детали од нивниот брачен живот. Но овојпат, принцот направи исклучок и со својата симпатична изјава ги воодушеви сите!

Имено, за време на овонеделната посета на Велс, по повод празнувањето на Св.Дејвид, принцот Вилијам откри еден интересен детаљ за неговата сакана сопруга Кејт.

„Кејт има најладни раце од сите. Но, како се вели: Студени раце, топло срце“, се пошегува принцот, а неговата изјава веднаш предизвика големи симпатии кај јавноста.

Инаку, војводата и војвотката од Кембриџ се познати по тоа што успешно се воздржуваат од откривање интимни детали во јавноста или споделување премногу лични коментари, следејќи го примерот на кралицата Елизабета Втора и нејзиниот покоен сопруг, принцот Филип.

Во Велс, Кејт раскажа дека осумгодишниот принц Џорџ работел на фарма за време на училишните одмори, додека Вилијам открил дека децата секогаш се интересираат каде ќе патуваат, па пред секое патување им покажувале на картата каде следно ќе патуваат.

„Времињата се менуваат и тие промени бараат Кејт да почне да споделува малку повеќе приватни детали. Таа го прави тоа доволно внимателно за да може да се поврзе со обожавателите, но не кажа ништо што би предизвикало контроверзии и ништо што би можело да се смета за прекумерно споделување“, изјави кралската биографка Сара Гриствуд за списанието „People“.

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон ја открија својата романтична страна објавувајќи портрет по повод 10-годишнината од бракот која ја прославија минатиот април, а фотографијата силно потсети на фотографијата направена за време на објавувањето на нивната свршувачка.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Забрана за камиони на Стража и Пресека и на патот Крак Маврово – Дебар

Следно

ВИДЕО: Доминација на Челси против Барнли, Хаверц двоен стрелец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian