ФОТО | Кралицата на Шпанија ѝ оддаде почит на Украина: Летиција со јасна порака и поддршка!

1 min read

Кралицата на Шпанија која важи за една од најубавите жени во светот се појави во посебна модно издание со шарени детали кои кријат силно значење.

Неодамна, кралицата присуствуваше на 10-тото доделување на наградите „Mutua Madrilena“ во Мадрид и по тој повод таа се одлучила за посебна модна комбинација на црни панталони со висок струк и шарена кошула.

кралица летиција
Фото: EPA-EFE/Chema Moya /

Фокусот на целиот свет изминатиов период е ставен на војната во Украина и колку и да се трудиме нормално да си го живееме нашиот живот, мислите ни се во Украина.

Имено, кошулата која ја одбрала кралицата на Шпанија е традиционалната украинска кошула која се карактеризира со везови во најразлични бои. Со својата модна комбинација, таа несомнено оддаде почин кон украинскиот народ кој се соочува со еден од најтешките моменти од поновата историја. Летиција оддаде почит кон културата и традицијата на угнетуваната земја.

кралица летиција
Фото: EPA-EFE/Chema Moya /

Преплетувањето на геометриските и цветни фигури на кошулата ја раскажува историјата на Украина. Потеклото на овој вез, пак, датира од античко време. Со текот на времето, везот стана симбол на украинската традиција и дел од украинскиот идентитет. Најчесто се користи за украсување облека и најразлични ткаенини.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Грвала: Путин е пропагатор и воен злосторник

Следно

ВИДЕО: Џеси Марш имаше неуспешно деби на клупата на Лидс

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian