Во Дрисла уништени 67 илјади ковид вакцини со поминат рок

1 min read

На депонијата Дрисла денеска се уништени 67 илјади дози вакцини Фајзер, Астра Зенека и помал дел Синофарм, со изминат рок на употреба.

Уништувањето на вакцините се реализира во неколку фази, почнувајќи од денеска, а ќе продожи и во текот на следната недела кога ќе бидат уништени уште 200 илјади дози.

Целата постапка е реализирана во соработка со Институтот за трансфузиологија.

-Потенцираме дека сите вакцини кои се користат во моментот се сигурни и безбедни, a согласно законската процедура вакцините на кои им поминува рокот, најпрво се повлекуваат од употреба, а потоа почнува постапка за нивно уништување, во соработка со МАЛМЕД, соопшти Министерството за здравство.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Медведев го тргна руското знаме од профилот на Инстаграм

Следно

Стефковски и Арсовска ја најавија реконструкцијата на улицата Перо Наков во Гази Баба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian