Викенд-издание на „Слободен печат“: Храна и енергенси има доволно, трговците да не внесуваат паника!

2 mins read

Во викенд-изданието на весникот „Слободен печат“ читајте:

Хроника – Премиерот Димитар Ковачевски смирува и апелира – Храна и енергенси има доволно, трговците да не внесуваат паника!

Премиерот рече дека ние имаме многу мала трговска размена со Украина и Русија, а дека државата ќе им помогне на компаниите кои увезуваат суровини од Украина и кои треба да се свртат кон други пазари.

Свет – Продолжува руската инвазија – Нападната и нуклеарната централа во Запорожје – На целиот ужас во Украина, „фали“ само уште нуклеарен терор

Пожарот во централата „Енергодар“ на брегот на Дњепар на јужниот приод кон Запорожје избувнал изутрината во 3 часот, откако врз комплексот бил истрелани бараж од проектили, но штетата била направена далеку од шесте реактори и 150-те контејнери со употребено нуклеарно гориво

Зеленски предупредува – Ако падне Украина, на ред се балтичките земји!

Хроника – Антикорупциската комисија ќе ја расветлува мистеријата – ТВ-презентерката „берела“ хонорари од пет места!?

За една година кон тв-водителката и несудена конзулка Бесмире Ејупи, се извршени хонорарни исплати од Државното правобранителство, како и од општините Сарај, Чаир, Брвеница и Петровец, во вкупен износ од 12.000 евра.

Скопје – Практиката на отворени средби со граѓаните дава резултати – Со помош на центарци се решаваат проблемите во општината 

Деновиве е исполнето уште едно од барањата на жителите, со кое им е овозможен полесен пристап до домовите – пробиена е улицата Црвена Вода до Рузвелтова.

Спорт – Европската ракометна федерација одлучи – Вардар дефинитивно е осминафиналист во ЛШ

ЕХФ вчера објави дека неодиграниот меч помеѓу Мешков Брест и Вардар од 13. коло во групата А се регистрира со победа и службени бодови за црвено-црните. Со тоа дефинитивно се потврди дека македонскиот шампион обезбеди пласман во нокаут-фазата од елитното европско клупско натпреварување

Здравје – По избор на точно 1.173 нутриционисти – Кои десет намирници се прогласени за суперхрана за 2022 година

Забава – Разговор со Розе Настоска, жената која што се искачи на Килиманџаро – Врвовите не се освојуваат, планината ни дозволила да бидеме таму

Мозаик – Разговор со Хана Миленковска, режисерка – Околностите во кои живееме не смеат да ни го попречат чувството за создавање убавина

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Мараш си оди Е. Пелистер, од идната сезона ќе игра за Татабања

Следно

Скопјанец физички нападнат во Нерези

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian