ВИДЕО | Трајковски: Делчевчани масовно донираат производи за збратимените општини во Украина

1 min read

Општина Делчево започна голема хуманитарна акција за помош на граѓаните на збратимениот град во Украина Вишгород како и за градот Тернипол со кој имаат добри пријателски односи.

За таа намена отворен е мобилен пункт каде ќе се собираат донации.

Во апелот испратен од овие два украински града од Делчево се бара помош во облека, храна, бебешка облека, пелени, се бара и медицинска опрема, лекови.

На оваа тема во Утрински брифинг разговаравме со градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

-Ние имаме добри односи со овие две општини и соработката која што ја имавме претходно, сакаме во во ова лудило кое започна пред неколку дена како градоначалник пративме пиосмо со поддршка каде што ја потенциравме нашата подготвеност како општина да погнеме, вели Трајковски.

-Како локална самоуправа организиравме состанок со ЈЗУ, со Советот на млади, со Црвениот крст, каде стапивме во контакт со амбасадата на Украина во нашата земја за да го видиме начинот за доставување на донација. После сите разговори го отворивме пунктот за да можеме да собереме помош која што после ќе биде донирана онаму каде што е потребно, вели градоначалникот.

-Пунктот е оптворен секој ден до недела, од 10 до 16 часот и заинтересираноста на сите наши граѓани, на фирмите кои се наоѓаат во Делчево е голема и имаме доста голема количина на производи, вели Трајковски.

Проследете го целиот разговор во видеото

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дневен хороскоп за 4 март: Зборувајте отворено и соочете се со проблемите со насмевка

Следно

20-годишник уапсени при обид за кражба во црква во изградба

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian