ВИДЕО | Руски експерт отвори шише во емисија во живо и наздрави: Руска берзо, почивај во мир

2 mins read

Состојбата на руската берза е главна тема на емисиите на руските телевизии, особено на каналот кој се занимава со инвестиции „RBC“.

Во емисијата на Елина Тихонова очекуваше дека ќе има сосема нормално интервју со својот гостин Александар Бутманов,
економист, експерт и основач на инвестицискиот клуб „DTI Algorithmic“, кој тргува со акции на глобалните финансиски пазари во Русија, САД, Европа и Азија.

На почетокот на разговорот тој не сакаше да каже ниту добар ден, бидејќи денот за руските берзи и не е добар поради бројните санкции.

Тихонова потоа го праша дали ќе остане во својата бранша со оглед на состојбата на пазарот. Бутманов одговори дека во краен случај ќе работи како Дедо Мраз бидејќи тоа го правел пред 25 години.

Потоа Бутманов извади шише вода од под масата и наздрави за смртта берзата.

„Настрана шегите, ајде да го завршиме ова брзо… Испраќам поздрв до Сергеј Усиченко, кој пред 13 години пиеше во име на смррта на берзата. Денес пијам вода. Драга берзо, беше интересна, почивај во мир драга другарке“, рече тој, додека водителкат шокирано го гледаше велејќи дека нема да го коментира овој ексцес.

Кој беше Сергеј Усиченко?

Во 2008 година, кога пазарот на берзите падна за време на светската финансиска криза, тој се појави во етер и наздрави за смртта на беразата, само што тога го направи со вотка во шолја за кафе.

Московската берза е затворена веќе три дена. Пред затворањето, индексот на берзата остро падна поради нагла распродажба.
Затоа е донесена уредба за забрана за продавање на акциите на странците, што и онака не можат да го направат бидејќи берзата е затворена. Странските инвеститори поседуваат акции во Русија во вредност од 15 до 20 трилиони рубљи, што е околу една третина од пазарот.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Вулин: Влез на Косово во НАТО би било закана за Србија со вооружен конфликт

Следно

Куман не сака да оди на „Камп Ноу“ додека таму е Лапорта

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian