ВИДЕО | Протест за поддршка на Русија во центарот на Белград: „Србите и Русите се браќа засекогаш“

1 min read

Пред споменикот на цар Николај на улицата Крал Милан во Белград започна „протест за поддршка на рускиот народ“.

На протестот во непосредна близина на Претседателството на Србија се собраа голем број граѓани, така што улицата Крал Милан беше затворена за сообраќај.

Насобраните извикуваат пораки за поддршка на Русија, која минатиот четврток започна воена инвазија на Украина.

На учесниците на протестот од бината им се обратија претставници на екстремно десничарските организации – Дамњан Кнежевиќ од Народната патрола и Младен Обрадовиќ од Образ.

Тие порачаа дека доколку Србија по изборите воведе санкции кон Русија, двојно повеќе луѓе ќе излезат на улица од вечерва.

Обрадовиќ рече дека „Русија го ослободува целиот свет од заканите на НАТО“ и дека денеска „Путин покажа кој е најсилниот и најхрабриот државник на светот“.

Собирот започна со интонирање на химните на Србија и Русија, граѓаните носат руски и српски знамиња и извикуваат „Русија, Русија“, „Србите и Русите се браќа засекогаш“, „Предавство, предавство“ и „Вучиќ Шиптар, ти ја предаде Србија“.

Демонстрантите потоа отидоа на прошетка до руската амбасада, пренесува N1.

ВО ЖИВО | Нови немири во Украина, нападната најголемата нуклеарна централа, вести од минута во минута

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Турски милијардер сака да го купи Челси

Следно

Се подговува брзо, од она што веќе го имате: Шарена пита од јајца и зеленчук

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian