Турскиот милијардер Мусин Бајрак се наоѓа во преговори со адвокатите за Роман Абрамович за купување на Челси.
Абрамович одлучи да го продаде актуелниот европски шампион откако неговата земја Русија изврши инвазија врз Украина, а владата на Обединетото Кралство му ја укина визата и го протера од земјата.
Мусин Бајрак е претседател на АГ Холдинг групата која инвесира во криптовалути, градежништво, туризам и енергетика и е еден од најбогатите луѓе во Турција.
– Преговараме за купување на Челси и засега разговорите одат добро. Наскоро турското знаме ќе се виори на „Стемфорд бриџ“ и тоа ќе биде многу важно за цела Турција. Во контакт сме со Абрамович и сме многу близу до потпишување на договор – изјави Бајрак за турските медиуми.