Стефковски и Арсовска ја најавија реконструкцијата на улицата Перо Наков во Гази Баба

1 min read

Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски денеска заедно со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска  директно на терен го најавија проектот за реконструкција на улицата Перо Наков.

Претходно општина Гази Баба и Град Скопје склучија договор за меѓуопштинска соработка, а во оваа фаза од реконструкцијата ќе се опфати потегот од раскрсницата со улица Маџари до улица Индустриска 2.

-Проектите треба да бидат одраз на барањата на граѓаните. Навистина ме радува што во првите месеци од нашите мандати, се зафативме со решавање на долгогодишен проблем и приоритетно барање на жителите но и на стопанствениците од овој дел на нашата општина, рече Стефковски кој порача дека ова е само почеток на промените во Гази Баба и Градот Скопје.

skopjeinfo.mk

Претходно

Во Дрисла уништени 67 илјади ковид вакцини со поминат рок

Следно

Дерипаска вели Русија ја очекува најбрутален економски шок: Земете ја кризата од 1998 година и помножете со 3

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian