Службена победа за Вардар против Брест со која е потврден пласманот во осминафиналето во ЛШ

1 min read

Македонскиот шампион Вардар 1961 и официјално го освои петтото место во групата А во Лигата на шампионите, откако Европската ракометна федерација одлучи „црвено-црните“ со службени 10:0 да го добијат натпреварот против Брест Мешков.

Новите два бода значат и заверка на петтото место на табелата за вардарци кои сега имаат 11 бода, три повеќе од Елверум во пресрет на последното коло од групната фаза во која ќе се сретнат токму овие две екипи во Скопје. Брест Мешков е дисквалификакуван до Лигата на шампионите поради руската воена инвазија врз Украина.

ЕХФ одлучи да ги суспендира екипите од Русија и Белорусија од европските натпреварувања, а предвреме настапите го заврши и Мотор Запорожје бидејќи украинскиот тим поради војната не може да ги игра своите натпревари.
Противник на Вардар во осминафиналето ќе игра со унгарскиот Веспрем.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Скандал на српската „Песна за Евровизија 22“: Пресметка помеѓу Аца Лукас и Бајага!

Следно

Четири дена патуваа до Свети Николе: Антонио Стојанов го врати семејството од Украина, другото возило му го подарил на пријател за да се спаси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian