Се подговува брзо, од она што веќе го имате: Шарена пита од јајца и зеленчук

1 min read

Јајцата се одличен извор на аминокиселини, железо и антиоксиданти и омилен појадок на сите! Тие помагаат во регулирањето на добриот и лошиот холестерол, го зајакнуваат имунитетот, ги подобруваат когнитивните функции, ги зајакнуваат коските и забите, благотворно делуваат на кожата, ги штитат очите, одлични се за слабеење, ја ублажуваат анксиозноста… Додадете им зеленчук и ефектот ќе биде уште подобар, а со тоа ќе бидете сигурни дека сте го започнале денот на најдобар можен начин – и ќе си обезбедите изобилство од енергија!

За да ја подготвите оваа пита, испланирајте ги состојките во склад со тоа колку луѓе ќе јадат. Тоа значи дека не постои конкретна мерка, туку да додадете колку што сакате, а ова е минимумот на состојки.

Состојки:

– 5 јајца
– 4 кисели краставички
– 2 лажички ајвар
– половина главица ситно сечкан кромид
– црвени и зелени пиперки, тиквички, моркови, брокула, карфиол… по желба
– сол, бибер и магдонос по вкус

Подготовка:

Јајцата изматете ги со вилушка или жица, па додадете ги ситно сечканите кисели краставички и лажичката ајвар. Потоа, додадете го ситно сечканиот зеленчук по желба, зачинете, сè убаво измешајте и сипете во длабока тава во која претходно е загреано маслото.

По неколку минути печење, свртете со помош на шпатула.

Питата исечете ја на триаголници и послужете ја со јогурт или кисело млеко.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Протест за поддршка на Русија во центарот на Белград: „Србите и Русите се браќа засекогаш“

Следно

Џачка негира дека платеници од Албанија војуваат на страна на Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian