Реал Мадрид се вкучи во трката за потпис со соиграч на Елмас

1 min read

Шпанскиот гигант Реал Мадрид се вклучи во трката за потпис со одличниот напаѓач на Наполи, Виктор Осимен за кого сериозен интерес пројавува и Манчестер јунајтед, пишуваат италијанските медиуми.

Први опции за претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се напаѓачите од Бундеслигата, Ерлинг Халанд и Роберт Левандовски, но за нив има голема конкуренција во Барселона, ПСЖ и во англиските премиерлигаши Манчестер сити и Челси.

Затоа, Перез се врти кон соиграчот на Елиф Елмас, Виктор Осимен во кого го гледа идеалниот наследник на Кристијано Роналдо.

Договорот на Осимен со Наполи е со важност до 2025 година, но Манчестер јунајтед и Реал Мадрид нема да жалат пари за трансфер на напаѓачот кој на 52 натпревари за Наполи постигна 21 гол.

Јунајтед е подготвен да плати 100 милиони евра за Осимен, но засега не е позната сумата која Перез ќе му ја понуди на Наполи.

Виктор Осимен во Наполи пристигна од Лил во 2020 година за 70 милиони евра, а претседателот на италијанскиот тим Аурелио де Лаурентис порача дека нема намера да се откаже од својот напаѓач за помалку од 100 милиони евра.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец физички нападнат во Нерези

Следно

Струмички карневал: Свечености под маски, смеа и песни со историја долга 400 години

Latest from Blog

Челси го купува Кунде

Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде ќе биде првото заилување на Челси откако ќе биде официјализирана продажбата

MacedonianEnglishAlbanian