Најдобрата тенисерка на светот ги пропушта турнирите во Индијан Велс и Мајами

1 min read

Првата тенисерка на ВТА ранг-листата, Ешли Барти, ќе ги прескокне наредните два турнири од серијата мастерс, што ќе се играат во САД, Индијан Велс и Мајами.

Барти која сезоната ја започна со триумф на Австралија Опен, сè уште не се опорави од повредата и одлучи да ги прескокне двата претстојни турнири од мастерс серијата.

– Моето тело сè уште не е подготвено. Не успеав да се подготвам за турнирите во Индијан Велс и Мајами и поради тоа одлучив да се повлечам од овие турнири. Најважно ми е да го зачувам своето тело – порача Барти.

Барти минатата година триумфира на мастерсот во Мајами, а и покрај тоа што ќе загуби голем број на поени, речиси сигурно ќе остане на првото на ВТА ранг-листата. Австралијката би била престигната само доколку една од тенисерите Барбора Крејчикова, Анет Контавеит, Ига Швјонтек и Арина Сабаленка победи и на двата турнири во Индијан Велс и во Мајами.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Цеца избегна француски бакнеж во шоуто „Ѕвездите на гранд“: Кога љубам, тоа е страшно

Следно

ФОТО | Памела Андерсон ќе ја раскаже својата приказна за „Нетфликс“: Не сум жртва, туку борец

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian