Митревски во идеалниот тим на колото во ЛШ

1 min read

Голманот на македонската ракометна репрезентација, Никола Митревски е ибран за најдобар голман во претпоследното 13 коло во Лигата на шампионите.

Митревски и Порто во 13 коло одиграа нерешено на гостувањето кај Фленсбург (26:26), а најзаслужен за ремито е токму македонскиот репрезентативец кој имаше 14 одбрани.

Покрај Митревски, во идеалниот тим на 13. коло во ЛШ се најдоа уште и Давид Мандиќ (Загреб), Петар Ненадиќ (Веспрем), Феликс Клар (Монпелје), Харалд Рајнкинд (Кил), Мариус Штајнхаузер (Фленсбург) и Мохамед Мамдух (Динамо Букурешт).

Митревски исто така се најде и на листата на најдобри одбрани на коло, освојувајќи го четвртото место и тоа со одбраната на шутот на Менсах Ларсен.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Реге бенд од Флорида ја обвинува Дуа Липа за плагијат: Ѕвездата молчи

Следно

Машински факултет го затворил компјутерскиот центар, на студентите им порачал пиратски да симнат програма за работа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian