Медведев го тргна руското знаме од профилот на Инстаграм

1 min read

Новиот светски тениски рекет број еден, Данил Медведев, го тргна руското знаме од својот официјален профил на Инстаграм.

Медведев во изминатите години, покрај името на спонзорот на Инстаграм го имаше и знамето на својата татковина кое „исчезна“ по руската инвазија врз Украина.

– Не сакаме тоа да го коментираме – порача ПР тимот на рускиот тенисер.

Засега не е познато дали Медведев тоа го сторил самоиницијативно или бил натеран од страна на АТП. За разлика од повеќето меѓународни спортски федерации, АТП не им забрани настап на руските тенисери, но Медведев и неговите сонародници на турнирите можат да настапуваат како неутрални спортисти.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Принцезата Шарлин ќе биде дел од манга-стрип: Воодушевена сум од идејата!

Следно

Во Дрисла уништени 67 илјади ковид вакцини со поминат рок

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian