Машински факултет го затворил компјутерскиот центар, на студентите им порачал пиратски да симнат програма за работа

2 mins read

Студентите од прва година на Машинскиот факултет во Скопје се соочуваат со голем, апсурден проблем. Немајќи можност да учат во компјутерскиот центар кој е затворен поради пандемијата, принудени се да прават пиратски да ги симнуваат програмите кои ги изучуваат.

Како што не информира нашиот соговорник, на тоа ги поттикнуваат и охрабруваат и самите професори и асистенти.

–  Ние работиме со софтвери за моделирање, минатиот семестар работевме со ауто кад софтвер, сега со солид воркс. Проблемот е во тоа што ние студираме онлајн, а немаме пристап до софтверот од дома. Предметот Кат техники бара континуирана работа и пишување домашни работи и вежби. Машинскиот факултет ни го нема обезбедено софтверот, напротив ни имаат посочено да  го симнеме од интернет, пиратски. Дури и да го направиме тој прекршок и да го инсталираме софтверот, времињата се променети, не живееме во 2008 година кога дома сите имаа нелиценциран Windows. Сега сите имаме лиценцирани програми, а на нив не може да се инсталираат пиратски програми, вели нашиот  соговорник.

Барањата на повеќе од сто студенти се Машински факултет да го обезбеди софтверот или да се ревидира предметот. Овој проблем не бил толку изразен пред пандемијата, кога наставата се одвивала со физичко присуство, и на студентите им бил ставен на располагање компјутерскиот центар.

– Сме се обиделе со асистентите и професорите да разговараме за проблемот,  но неуспешно. Дури и да е отворен компјутерскиот центар, нема доволно компјутери за сите студенти од генерацијата. Од друга страна, ние имаме и домашни задачи, што значи мораме да го имаме инсталирано и на нашите домашни компјутери. Студентската лиценца, а програмата чини околу 70  долари, за разлика од работната лиценца која чини околу 4.000 евра. Од друга страна, студентите стравуваат за овој проблем отворено да зборуваат затоа што се плашат од одмазда, последен пат кога отворено за зборувало за сличен проблем на Машинскиот факултет, на студентите повеќе семестри не им било дозвоолено да  полагаат испити, тврди нашиот соговорник, студент на прва година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Митревски во идеалниот тим на колото во ЛШ

Следно

Паника за гориво и во Бугарија, Петков смирува: Ова е дел од хибриден напад

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian