Ракометарот на Еурофарм Пелистер, Матео Мараш по завршување на сезонава ќе ја напушти екипата и ќе потпише за Татабања.
Унгарскиот тим ја известил управата на Е. Пелистер дека е подготвен да ја плати откупната клаузула за Мараш бидејќи ракометарот има важечки договор со битолчани.
„РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека клубот Татабања од Унгарија нè информира дека е подготвен да ја плати откупната клаузула од договорот на ракометарот Матео Мараш, кој има активен договор со нашиот клуб. По комплетирањето на трансакцијата и на истекот од тековната сезона, договорот може да биде комплетиран, почнувајќи од сезоната 2022/23. РК Еурофарм Пелистер се заблагодарува на унгарскиот клуб за професионалниот пристап и на ракометарот за спортскиот ангажман“, објавија битолчани.