Куман не сака да оди на „Камп Ноу“ додека таму е Лапорта

2 mins read

Роналд Куман кон крајот на октомври минатата година доби отказ од тренерската позиција во Барселона поради слаби резултати, и по четири месеци Холанѓанецот одлучи да проговори и да открие неколку работи од разделбата со каталонскиот тим.

– Сигурно е дека некое време нема да ме видите на „Камп Ноу“. Не можам да одам таму и покрај Лапорта да глумам како ништо да не се случило. Не ми дадоа време како што му дадоа на Чави. Тоа за мене сè уште е болно, работев со многу поредени играчи. Сега кога Педри е во форма и кога во тимот е Дембеле, можете сè да видите – вели Куман.

Холанѓанецот кој е легенда на Барселона смета дека ја немал поддршката од претседателот Жоан Лапорта бидејќи не бил поставен за тренер од него, како што е случајот со Чави Ернандез.

– Мене Лапорта не ме донесе во Барселона. Од првиот момент кога победи на претседателските избори чувствував дека не сме на иста бранова должина. Парите за мене никогаш не биле важни, сакав да успеам во Барселона, но сфатив дека Лапорта сака да се отараси од мене бидејќи тој не ме донесе во клубот. Илјада пати ми рече дека нема да го ангажира Чави бидејќи нема големо тренерско искуство – вели Куман.

Куман потоа открива као му било кажано дека Лионел Меси мора да си замине од Барселона поради финанската криза во која се наоѓа клубот.

– На инсистирање на управата се согласив да се продадат некои фудбалери за да се подобри финансиската состојба во клубот. Но, потоа бевме сведоци дека Барселона плати 55 милиони евра за еден фудбалер, откако претходно го пушти Лионел Меси да си оди. Во таква ситуација се прашувате дали се случувало нешто што не го знаеме и зошто Меси мораше да си оди.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Руски експерт отвори шише во емисија во живо и наздрави: Руска берзо, почивај во мир

Следно

Тренчевска: Нов проект за лицата со попреченост – наместо да користат социјална помош, да се вклучат на пазарот на труд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian