Kонстантин Петрески избран за претседател на Градскиот еко совет при Град Скопје

1 min read

Константин Петрески е едногласно избран за претседател на Градскиот еко совет на втората седница што се одржа денеска.

На седницата за потпретседател на Градскиот еко совет е избран еко активистот од Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“, Марјан Калевски.

Градскиот еко совет има за цел да ја подобри заштитата на животната средина во градот, да креира политики за спроведување активности за поставување системски решенија за намалување на загаденоста, како и поставување нови стандарди за заштитата на животната средина, велат од Град Скопје. 

Советот е составен од дваесет и пет експерти и претставници на граѓанскиот сектор од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина. Овој Совет има за цел да креира политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање, да предлага стратегии и да дава совети за развојот на Скопје.

skopjeinfo.mk

Претходно

КОВИД БИЛАНС: 389 нови случаи, 749 оздравени, 15 починати

Следно

Црна Гора протера руски дипломат

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian