Готвиме со Маја: Лазања од домашни кори со мадар домат

2 mins read

Лазања од домашни кори со модар домат

Потребни состојки:

  • 300 гр бело брашно
  • 3 јајца
  • неколку капки маслиново масло
  • сол
  • 300 гр мешан кашкавал рендан
  • 2 модри домати

Бел сос

Потребни состојки:

  • 200 мл павлака за готвење
  • 150 гр кравјо сирење
  • сол
  • бибер
  • морско оревче
готвиме со маја
Готвиме со Маја / Фото: Приватна архива

Црвен сос:

Потребни состојки:

  • 2 конзерви сос од домати
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица суво оригано
  • 3 чешниња лук
  • 1/2 лажичка сол
  • 1 рендан морков
  • бибер

Подготовка:

На кујнска подлога ставете го брашното на куп, направете дупка во средината и во него ставете ги јајцата на собна температура. Со вилушка дупнете ги жолчките а потоа со лажица полека мешајте го брашното и јајцата и месете додека не добиете полутврдо гумено тесто. Оставете го покриено да стои неколку минути а потоа направете од него векна и исечете мали делови. Од секој дел направете повторно мало топче и расукајте го во тенка кора а можете да користите и машина за јуфки. Оставете ги на страна посипани со брашно додека ги подготвувате сосовите. Модрите домати исечете ги на тенки резанки по должина и испечете ги на грил тава или скара. За подготовка на белиот сос, во сад ставете ја павлаката, лукот, морското оревче, додадете го сирењето издробено и посолете и зачинете со бибер. Состојките убави измешајте ги. За црвениот сос ставете во сад домати, рендан морков, масло, оригано, згмечен лук, сол и бибер и убаво измешајте.

Постапка за редење на лазањите:

Во огноотпорен сад ставете масло и потоа ставете слој од црвениот сос. Врз него наредете еден ред кори и повторно ставете од црвениот сос. Над тоа ставете слој рендан кашкавал а потоа еден ред модри домати. Продолжете со црвен сос, потоа кашкавал и бел сос. Повторете ја постапката по истиот редослед. Завршете со ред кори и црвен сос а на крај со кашкавал. На крај по рабовите на садот ставете малку вода, за да не загори. Попрскајте одозгора со масло, бибер и суво оригано и покријте ги лазањите со фолија. Печете во загреана рерна на 200 степени, околу 35-40 минути. Пред крај тргнете ја фолијата за да се запече лазањата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

20-годишник уапсени при обид за кражба во црква во изградба

Следно

Сервер за МИА: Русија претставува закана и за Балканот во смисла на дестабилизација

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian