Иако и понатаму е во болница на тајна локација, принцезата од Монако, која уште ја нарекуваат и „најтажната принцеза“ Шарлин, откри многу интересна новост за себе.
Имено, принцезата ќе биде главна нацртана ѕвезда во новиот манга стрип кој ќе биде објавен деновиве.
Шарлин, мајка на седумгодишните близнаци Жак и Габриела, уште е хоспитализирана во болница на непозната локација, а беше сместена по враќањето од Јужна Африка каде беше 10 месеци. Нејзиното излегување од болницата се одложува, но таа засега откри нешто нетипично за себе, а тоа дека уште пред една година се согласила на молбата на Кедрик Бискаи да стане ѕвезда во продолжение на еден манга стрип – пренесуваат од „Le Parisien“
Принцезата изјави дека е воодушевена од идејата и без многу размислување се согласила да биде дел од шестотото продолжение.
„Навистина се радувам на новото издание на „Blitz“ кој го инспирирал и Гари Каспаров, а дијзаниран е од Даитаро Нишихара. Ме освои од прва идејата да бидам дел од новата авантура на стрипот. Им се заблагодарувам на авторот и креаторот Кедрик Бискаи кој ме повика да откријам повеќе за светот на манга-стрипот“ – изјави Шарлин која моментално закрепнува од „емотивна и физичка исцрпеност“.