ФОТО | Памела Андерсон ќе ја раскаже својата приказна за „Нетфликс“: Не сум жртва, туку борец

3 mins read

Откако контроверзната серија „Pam & Tommy“ беше прикажана на „Hulu“, Памела Андерсон е подготвена да ја сподели својата страна на скандалот на конкурентот на стриминг платформата „Netflix“.

Славната двојка Памела Андерсон и Томи Ли Џонс, се најде во центарот на медиумското внимание во 1990-тите откако протече нивна секс снимка во јавноста.

Памела Андерсон, Томи Ли Џонс, Фото: Instagram

„Памела Андерсон е подготвена да ја раскаже својата приказна во нов документарец“, објави во средата официјалниот профил на „Netflix“ на „Твитер“.

„Филмот, кој се снима веќе неколку години, ќе ја прикажува иконата на поп-културата како ја поправа историјата додека се навраќа на својот професионален пат и личното патување“.

„Мојот живот“, стои во објавата. „Илјада несовршености, милион погрешни перцепции… Можам само да ве изненадам – ​​не жртва, туку борец и жива за да ја раскаже вистинската приказна“.

Обожавателите застанаа зад Андерсон во коментарите. Многу од нив напишаа дека ќе ја отфрлат „Pam & Tommy“ за да го гледаат документарецот на „Netflix“, за кој тврдат дека е „направен со нејзина согласност“, за разлика од серијата на „Hulu“, а нејзините синови, Брендон и Дилан Ли, ја споделија објавата, со опис „вистинската приказна“.

ФОТО+ВИДЕО | Започна контроверзната серија за Памела Андерсон и Томи Ли: Неверојатна трансформација на актерите!

Синот на Андерон, Брендон ќе биде продуцент на филмот со Рајан Вајт како режисер. Додека треба да се одреди насловот на документарниот филм, Андерсон веќе објави три книги: „Pandemonium“ во 1997 година, „Star Struck“ во 2005 година и „Raw“ во 2015 година.

Instagram
Памела Андерсон, Томи Ли Џонс, Фото: Instagram

Серијата „Pam & Tommy“ на „Hulu“ – во која глумат и Себастијан Стен како тапанарот на Мотли Кру и сега бившиот сопруг на Андерсон, Томи Ли – ја следи емоционалната криза на нововенчаните откако електричар им украде домашно порно видео откако ќе биде отпуштен од работа.

ФОТО | На Лили Џејмс ѝ биле потребни „3 до 5 часа трансформација“ за да личи на Памела Андерсон

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најдобрата тенисерка на светот ги пропушта турнирите во Индијан Велс и Мајами

Следно

За Гвардиола ЕУ, НАТО и политичарите се виновни за војната во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian