Двајцата ривали во жирито на „Ѕвездите на гранд“, Светлана Ражнатовиќ и Драган Стојковиќ Босанац, имаа неочекувана ситуација во последната емисија на ова шоу.
Членовите на жирито се покажаа во ново светло, со оглед на тоа дека постојано беа на мета на медиумите дека користат строги зборови едни кон други. Сега, Босанац покажа нежност кон убавата Цеца, но отиде можеби и предалеку. Тој тргна да ја бакне во уста, на што таа се поттргна и сето тоа изгледа гротескно комично.
„Босанац кога дојде, ја бакна само Цеца“ – изјави Саша Поповиќ во најавата на емисијата, и додаде дека „Само на Цеца и посвети посебно внимание“
Композиторот сакал да ја „исправи неправдата“ и ги бакнувал сите колешки од жирито, а кога дошол до фолк ѕвездата, за малку ќе завршела средбата со француски бакнеж.

Но, Цеца била побрза, па му „побегнала“ од страствениот момент, а потоа и двајцата слатко се изнасмеале.
„Кога бакнувам јас, тоа е страшно“ – се пошегувал композиторот.
Цеца и Стојковиќ првпат се скараа поради неговата ќерка Александра, а потоа во секоја наредна емисија продолжуваа со своите жестоки кавги.
Да речеме дека ова било обид за бакнеж за примирје?