ФОТО | Ароматичен рецепт на Дијана Иваноска: Цимет ролнички што ќе ви ја стоплат душата

2 mins read

Под името „Dash of Spice“, профилот на Инстаграм на Дијана Иваноска, се кријат неверојатни елегантни, вкусни приказни, кои таа ги приготвува со голема љубов и внимание. Овој пат Дијана ни приготви цимет ролнички, кои сигурно ќе ви ја стоплат душата.

Состојки:

За тестото:

– 450 гр брашно
– 1 ќесичка сув квасец
– 1/2 лажиче сол
– 50 гр шеќер
– 150-160 мл млеко топло
– 60 гр путер стопен
– 2 јајца изматени

За филот:

– 70 гр омекнат путер
– 100 гр кафеав шеќер
– 8 гр (1 лажица) цимет

За преливот:

– 115 гр крем сирење
– 30 гр омекнат путер
– 1 лажица ванила екстракт
– прстофат сол
– 1 лажиче сок од лимон
– 200 гр шеќер во прав (може и помалку ако сакате да биде помалку благо)
– 1 лажица млеко
– 2-3 лажици млеко за регулирање на густината

Дијана Иваноска/Инстаграм
Дијана Иваноска/Инстаграм

Подготовка:

Во длабок сад измешајте го брашното со солта, шеќерот и квасецот. Во друг сад измешајте ги влажните состојки, топлото млеко, стопениот путер и јајцата. Додадете во брашното и замесете меко тесто.
Оставете го тестото во покриен сад на топло да стаса, отприлика 1 и 1/2 час.
За филот измешајте го путерот со шеќерот и циметот.
На набрашнета работна површина расукајте го тестото во правоаголник. Премачкајте го со филот. Завиткајте ролат и исечете на парчиња со дебелина од 2-3 см. Наредете ги ролничките исправени во тавче за печење. Оставете простор меѓу нив бидејќи ќе нараснат. Покријте ги ролничките со чиста крпа да стасаат уште половина час. Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.Печете ги околу половина час или додека поруменат убаво. Ако ви е силна рерната, може после 20 минути да ги покриете со фолија да не потемнат многу.

За преливот изматете ги сите состојки убаво. Ако не сакате многу густ прелив додадете 1-2 лажици млеко плус.
Топлите ролнички премачкајте ги со преливот и уживајте. Најдобри се додека се топли.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Дерипаска вели Русија ја очекува најбрутален економски шок: Земете ја кризата од 1998 година и помножете со 3

Следно

Чеферин ги исполни ветеното, со својот дом прими фудбалер бегалец од Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian