Дерипаска вели Русија ја очекува најбрутален економски шок: Земете ја кризата од 1998 година и помножете со 3

2 mins read

Строгите меѓународни санкции наметнати на Русија поради инвазијата на Украина ќе ја турнат земјата во економска криза без преседан, предупреди милијардерот Олег Дерипаска.

– Ова го разбирам подобро од другите. Кога луѓето велат: Ќе ја спуштат ли „железната завеса“? „Железната завеса е веќе повлечена“, рече Дерипаска за време на говорот на економскиот форум во сибирскиот град Краснојарск во четвртокот.

„Железната завеса“ е термин од Студената војна што му се припишува на Винстон Черчил, кој се користи за да се опише изолацијата на Советскиот Сојуз и неговите сателитски држави од Западот.

Но, Дерипаска, кој беше најбогатиот човек во Русија кон крајот на 2000-тите, го искористи ова за да се осврне на новите санкции наметнати на Москва од Соединетите Држави, ЕУ и други земји како одговор на нејзината инвазија на Украина, пишува Bankar.me.

Меѓу другото, на руските авиони им е забранет влез во американскиот и европскиот воздушен простор; некои од најголемите банки во земјата се отсечени од глобалната платежна мрежа SWIFT; и големите странски компании како Apple и Ikea го прекинаа својот бизнис во Русија.

– Најбруталната финансиска криза ја очекува Русија во следните неколку години. Земете ја кризата од 1998 година и помножете ја со најмалку три – рече Дерипаска.

Во август 1998 година, Русија претрпе еден од најлошите економски шокови во нејзината модерна историја.

Дерипаска предложи неколку чекори што Русија треба да ги преземе за да ги поправи работите и „да почне повторно да ја крева железната завеса“.

– Првиот чекор е мирот. Вториот чекор е да започнеме искрена дебата за тоа каде живееме, како живееме, во какви услови, кој за што е одговорен и кој какви ризици носи – предложи алуминиумскиот тајкун кој доби кипарско државјанство во 2017 година.

Дали Русија е пред банкрот? Финансиските проблеми на Москва напредуваат побрзо од нејзината армија

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Стефковски и Арсовска ја најавија реконструкцијата на улицата Перо Наков во Гази Баба

Следно

ФОТО | Ароматичен рецепт на Дијана Иваноска: Цимет ролнички што ќе ви ја стоплат душата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian