Црна Гора протера руски дипломат

1 min read

Министерството за надворешни работи на Црна Гора денеска прогласи неименуван дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за „персона нон грата”.

Во соопштението на црногорското Министерство за надворешни работи се наведува дека дипломатот во рок од 72 часа треба да ја напушти Црна Гора.

– Причина за ваквата одлука е оценката на релевантните безбедносни тела во Црна Гора за активностите на рускиот дипломат кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се наведува во соопштението на МНР на Црна Гора.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Kонстантин Петрески избран за претседател на Градскиот еко совет при Град Скопје

Следно

ФОТО | Принцезата Шарлин ќе биде дел од манга-стрип: Воодушевена сум од идејата!

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian