Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин најави дека ќе им помогне на фудбалерите кои поради војната мораа да ја напуштат Украина и денеска зборовите ги преточи во дела.
Чеферин даде свој допринос во извлекувањето на неколку фудбалери од Украина така што разговараше со владини претставници во Русија, Украина и нивните земји соседи, а денеска потврди дека еден фудбалер бегалец од сместил во својот дом.
– Поминав 48 часа разговарајќи со фудбалерите и тренерите за да им помогнам да излезат од Украина. Бевме во контакт 24 часа на ден, барав помош од Владите, но тие не можат секогаш да ја гарантираат безбедноста. Тешко е да објасни колку овие преговори беа тешки. Еден фудбалер ја напушти Украина и јас го сместив во мојот дом – изјави Чеферин.