ВИДЕО: Петков исвиркан и погоден со снежна топка на бугарскиот национален празник

1 min read

Бугарскиот премиер Кирил Петков денеска заедно со претседателот на Народното собрание присуствуваа на одбележувањето на националниот празник, пред Споменикот на слободата на врвот Шипка каде пред 144 години се воделе клучните борби за ослободување на Бугарија од османлиското владеење.

-Денес не е време за политички пароли. Време е да се каже – Бугарија пред се’, време да се свртиме кон бугарските идеали. Ова е патриотизам“, рече Петков.

За време на говорот Петков беше погоден со снежни топки. Поддржувачите на партијата Преродба се обидоа да го замолчат неговиот говор, јави БГНЕС.

Се слушаа и скандирањата „Русија!“, „Предавници!“, „НАТО надвор!“ и други од толпата со руски знамиња и на партијата Преродба.

Луѓето скандираат „оставка“, јавува дописникот на БГНЕС додавајќи дека на врвот Шипка биле присутни полицијата и жандармеријата во обид да ги спречат провокаторите.

Заедно со премиерот на официјалниот свечен дел од државниот празник се обратил и претседателот на Собранието Никола Минчев.

„Денес е 3 март – ден на националната гордост, наш национален празник. За нас тоа е ден на слободата. Бугарија има нова перспектива, но за да се стигне до таму е долг и тежок пат на идентитет, борба за образование и самостојна црква, борба за национално ослободување“, рече во својот говор на врвот Шипка претседателот на Народното собрание Никола Минчев.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Скопје отворен Ресурсен центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање

Следно

Љубовен хороскоп за месец март: Девиците ќе доживеат будење, Рибите ќе ги залечат старите рани…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian