ВИДЕО | Музеј ја отстрани восочната фигура на Путин, посетителите му ја кубеле косата

1 min read

Музејот „Гревин“ во Париз во вторникот ја отстрани восочната фигура на рускиот претседател Владимир Путин во знак на протест против неговата инвазија на Украина, пренесува Ројтерс.

Исто така, посетителите во текот на изминатиот викенд ја оштетиле фигурата на Путин.

Фигурата, настаната во 2000 година, е преместена во магацинот на неодредено време, а музејот размислува да ја замени со ликот на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Првпат во историјата на музејот, повлекуваме статуа поради историските настани кои се во тек“, изјавил директорот на музејот Ив Деломо.

Тој се осврнал и на однесувањето на посетителите кон фигурата на Путин.

Восочната фигура изгледа неуредно откако била вандализирана.

„Со оглед на тоа што се случи, ние и нашиот персонал не сакаме да му ја поправаме косата и изгледот секој ден“, кратко рекол Деломо.

Пред осум години таа беше оштетена од гневна демонстрантка, која ја скршила главата на фигурата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Разбојништво во казино во Скопје

Следно

И Митиќ си замина од Металург, пикерот го засили Скопје 2020

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian