ВИДЕО | Муслиу: Приказната на Путин во однос на Украина е многу слична на бугарските националисти во однос на Македонија

3 mins read

Политичкиот аналитичар Алберт Муслиу ги анализира најновите случувања во Украина и нивната рефлексија на меѓународната сцена и кај нас.

-Изненадување беше влезот на руската армија и иако Американците јавуваа дека Путин ќе инсистрира на целокупна инвазија на Украина, сепак во 21 век никој не веруваше дека ќе се оди до таа крајност. Ова е пресвртница и во светската историја. Таа лежерност или тенденција на целиот свет после завршувањето на Студената војна мислам дека завршува и ситуација станува повторно црно-бела. И гледаме дека тоа се случува. Ова е секако страшно зошто не само што гинат и цивили, туку и војници гинат, а од од друга страна самата тенденција или идеја да се окупира една цела држава во 2022 година беше апсурдна до пред две недели, изјави за Утрински брифинг политичкиот аналитичар Алберт Муслиу.

Мислиу објаснува дека идејата за окупација на Украина е апсурдна од повеќе аспекти.

-Мислам дека окупација, инвазија или тенденција да се смени администрација е различна работа се различни работи. Украина е преголема држава да се окупира и да се задржи во окупација. Сепак тоа е држава која има сериозно минато, па дури и во Втората светска војна најголемите жртви се од Украина. -Украина помина 32 години независност која констатно беше напаѓана од поголемиот сосед и не верувам дека може да заврши со трајна окупација. Се надевам дека нема да се оди во хибридни решенија на поделба на Украина и целиот процес да се оддолжи, туку се надевам дека ќе се најде некое мирољубиво решение, додава Муслиу.

Тој зборуваше и за проруското расположение во Македонија.

-Имаме влијанија од руски медиуми и политички партии. Нашето влегување во НАТО се одолжи многу. Не ја разбирам апсордноста. Приказната на Путин за Украина многу ми е слична со онаа на бугарски националисти. Кај албанската заедница имавме некои такви експоненти, но брзо беше осудена руската инвазија и поддржана Украина, рече Муслиу.

Тој се осврна и на српската политика во однос на Русија и вчерашната поддршка на Резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации против руската инвазија која ја поддржа и Србија.

-Најголемиот спонзор на едностраните односи на Србија со Косово беше Русија. Вучиќ ќе се труди да игра уште повнимателно. Поддршка од Русија најголема е во Србија, се прави баланс. Србија ја поддржа Резолуцијата, но не ја осуди руската инвазија. Српската економија е поврзана со Русија. Ќе биде на мака Вучиќ да го избалансира сето ова, зошто во ЕУ нема разногласие по ова прашање, смета Муслиу.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

 

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Данијела Мартиновиќ отворено за животот: Она што сме го загубиле, со текот на времето станува добивка

Следно

Координирана акција на Град Скопје и општините за спречување создавање депонии на приватен имот

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian