ВИДЕО: Феникс прв до 50 победи сезонава во НБА лигата

1 min read

Феникс санс е првата екипа која успеа оваа сезона да стигне до 50 победи, доцна синоќа во НБА лигата успеа да го совлада Портланд со 120:90.

Најефикасен во редовите на Санси беше Камерон Џонсон со 20 поени, по четири скокови и асистенции.

А на спротивната страна за Блејзерси доминираше Брендон Вилијанмс со 14 поени.

Во Западната конференција Феникс е првопласиран (50-12), додека Портланд е на 11 позиција (25-37).

Филаделфија ја запиша и четвртата победа во низа, триумфираше над Њујорк со 123:108.

Најрасположени во редовите на Сиксерси беа Џоел Ембид со 27 поени (12 скокови) и Џејмс Харден со 26 поени, по девет скокови и асистенции.

Кај Никси прв стрелец беше канадскиот интернационалец Р.Џ. Берет со 30 поени, шест скокови и седум асистенци.

На Истокот Филаделфија е на третото место (38-23), додека Њујорк е на 12 позиција (25-37).

НБА лига, резултати –

Кливленд – Шарлот 98:119

Орландо – Индијана 114:122 по продолженијата (110:110)

Филаделфија – Њујорк 123:108

Хјустон – Јута 127:132 по продолженијата (117:117)

Милвоки – Мајами 120:119

Њу Орлеанс – Сакраменто 125:95

Денвер – Оклахома 107:119

Феникс – Портланд 120:90

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО | Украинските манекенки не можат да си одат дома: Тука се зборува само за „Гучи“ и „Прада“

Следно

Трајанов: Да се засилат критериумите за избор на уставни судии

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian