Украина побара одложување на бараж мечот против Шкотска!

1 min read

Фудбалската репрезентација на Украина побара одложување на полуфиналниот натпревар од баражот за Светското првенство, планиран за крајот на овој месец против Шкотска, информира „Би-Би-Си“.

Руската агресија врз Украина трае веќе осум дена, а целиот свет со нетрпение го очекува исходот од конфликтот, па најмалку се мисли на фудбалот.

Дваесет дена пред дуелот планиран за 24 март на „Хемпден парк“ во Глазгов, Украинците побараа мечот да се одложи до дополнително известување.

Ќе видиме како тоа ќе се одрази на втората полуфинална двојка баражи, која ќе ја сочинуваат Велс и Австрија, и дали Шкотска практично без борба ќе стигне до Катар.

Како што се наведува, Шкотската фудбалска федерација веќе е во контакт со УЕФА и ФИФА со цел да се дознае епилогот од барањето од Украина.

Репрезентациите на Украина и Шкотска се наоѓаат во иста група во Лигата на нации.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Емина Јаховиќ изгуби на суд: Нејзиниот поранешен сопруг докажа дека редовно плаќал алиментација

Следно

Тетовски средношколци на натпревар освоија награда и ја донираа на училиштето, општината им додели признание

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian