УЕФА: Белоруските репрезентации и клубови ќе играат на неутрален терен

1 min read

Белоруските клубови и репрезентацијата на таа земја ќе мора сите домашни натпревари во натпреварувањата под капата на УЕФА да ги играат на неутрални терени, без публика на трибините, ова денеска го соопшти европската фудбалска куќа.

– Извршниот одбор на УЕФА се состана и одлучи дека сите белоруски клубови и репрезентации кои настапуваат во натпреварувањата на УЕФА ќе мора да ги играат своите домашни натпревари на неутрален терен, почнувајќи од четврток – се вели во соопштението.

Се наведува и дека белоруските екипи нема да имаат навивачи на трибините како домаќини.

ФИФА и УЕФА веќе ги суспендираа руските репрезентации и клубови од сите натпреварувања до дополнително известување, поради руската воена агресија врз Украина.

Претходно руските и белоруските спортисти добија забрана за учество на Зимските параолимписки игри во Пекинг.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Андрија Милошевиќ го прослави раѓањето на синот: Голема забава со српската естрада

Следно

Граѓани го блокираа влезот во фабриката „Пејпер мил“ во Кочани

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian